Јокиќ повторно постави рекорд, Индијана не знае за победа и четврти меч во низа (ВИДЕО)

93
фото: Denver (X)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го оствари својот четврти последователен трипл-дабл оваа сезона и постави уште еден рекорд во кариерата. Јокиќ синоќа го заврши натпреварот против екипата на Њу Орлеанс со 21 поен, 12 скока и 10 асистенции во победата на Нагетси од 122:88. Тој им се придружи на Оскар Робертсон (1961–62) и Расел Вестбрук (2020–21) како единствени играчи кои ја започнале сезоната со четири последователни трипл-дабл ефекти.

За Денвер, Кристијан Браун и Џамал ​​Мареј постигнаа по 17 поени, а Тим Хардавеј Џуниор имаше 11.

Кошаркарите на Далас на домашен терен минимално со 107:105 славеа над Индијана, нанесувајќи му го и четвртиот пораз на финалистот во НБА лигата на одминатата сезона на самиот почеток на сезоната. Индијана се уште не успеа да обезбеди прва победа. Кај Далас во вториот сезонски триумф Вилијамс постигна 20 поени, додека Пауел го заврши мечот со 18 поени. Кај Индијана најефикасен беше Сиакам со дабл-дабл ефект од 27 поени и 13 скока.

Бостон врза две победи во низа откако ноќеска го доби дербито со Кливленд. Селтикс дома славеа со 125:105. Џејлен Браун постигна 30 поени, додека Хаусер заврши со 21. Кај Кливленд Мобли и Тајсон завршија со по 19 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: 

Бостон – Кливленд 125:105
Детроит – Орландо 135:116
Бруклин – Атланта 112:117
Чикаго – Сакраменто 126:113
Далас – Индијана 107:105
Денвер – Њу Орлеанс 122:88
Јута – Портланд 134:136
Минесота – Лејкерс 135:136
Феникс – Мемфис 113:114

ПретходноСтрашен е овој Баерн, сега има „14 од 14“!
Следно“Новак е најдобриот во историјата, за тоа нема дискусија“!