ЛШ Футсал: Форца со нов пораз

63
ФОТО: Futsal Club FORCA/FB

Врхника – Форца 4:2 е исходот од мечот од 2.коло во групата 8 во главната рунда во Лигата на Шампионите во футсал. Ова е втор пораз на македонскиот шампион, по оној вчера од Хит со 2:10.

Штета, за разлика од вчера тимот на Форца вечерва одигра далеку подобро, имаше 2:2, имаше и шанси за водство, но сепак на крајот беше поразена.

А лошо започна мечот за кумановци. Веќе во 3.минута резултатот беше 2:0 за домашниот состав и тоа со головите на Ремс и Циуха. Сепак Форца бргу го надмина шокот и успеа до крајот на првиот дел да го израмни резултатот. Прво Жезус Ривас во 12.минута намали на 2:1, за да во 19.минута домашниот играч Дебељак си постигна автогол за 2:2.

Во второто полувреме и двете екипи имаа шанси, но сепак Врхника со двата гола на Циуха во 36. и 37.минута дојде до победата од 4:2. Тоа за него беше хет-трик. На крајот во последните секунди од средбата Исмаили заработи црвен картон.

Третиот и последен меч од групата нашиот шампион ќе го одигра во сабота (16 ч) и тоа против украинскиот состав Киев.

ПретходноРеал Мадрид бара астрономска отштета за Суперлигата
СледноРеализиран уште еден инфраструктурен проект на Министерството за спорт – Дебар доби современ простор за спорт и рекреација