НБА ветеранот дебитираше во Евролига

94
Фото: Баерн Минхен

Баерн Минхен дојде до четвртата победа во Евролига, откако на домашен терен славеше против Виртус со убедливи 86-70 во рамките на осмото коло. На овој дуел дебитираше НБА ветеранот, Спенсер Динвиди, кој запиша шест поени.

Реал Мадрид го победи Фенербахче со убедливи 84-58 за четвртти триумф оваа сезона. Турскиот тим беше немоќен особено во втората четвртина во која постигна само шест поени, а прими 24.

На останатите средби кои се одиграа вечерва Милано славеше против Париз со 86-77 пред своите фанови, Валенсија пак го победи Дубаи со тесни 80-78.

ПретходноЦрвена Звезда не застанува – преку Макаби до шеста победа во низа!
Следно„Нула“ на дуелот меѓу Пиза и Лацио