„Нула“ на дуелот меѓу Пиза и Лацио

22

Во последниот натпревар од деветтото коло на италијанската Серија А, играчите на Пиза и Лацио ремизираа без голови.

Лацијалите пристигнаа во Пиза по триумфот над Јувентус, сакаа да ги материјализираат тие три бода, но вечерва зедоа само еден и сега се на 11-то место на табелата со вкупно 12 бода на своето конто. Пиза е на 17-то место, прва над „линијата“ со пет бода.

Лацио беше подобар тим, имаше многу поголем посед на топката, повеќе шанси, но тимот на Алберто Џилардино се одбрани и зеде важен бод во борбата за опстанок.

Лацио го пречекува Каљари во следната рунда, додека Пиза гостува во Торино.

Претходно Сасуоло славеше на гости кај Каљари со 1-2.

ПретходноНБА ветеранот дебитираше во Евролига
СледноОд безбедносни причини е откажан мечот меѓу Ѓоковиќ-Циципас