Салах се уште ја има саудиската понуда на маса, дали си оди во јануари?

33

Напаѓачката легенда на Ливерпул, Мохамед Салах, се уште ја има на маса понудата од неверојатни 150 милиони фунти по сезона за да се пресели на Блискиот Исток. Иднината на Салах е главна тема на разговор од почетокот на летото, откако египетскиот репрезентативец беше силно поврзуван со трансфер во Саудиската професионална лига, но на крајот го продолжи својот престој во Ливерпул.

Сепак, тоа не ја исклучува можноста за потенцијално заминување од клубот од „Мерсисајд“ во 2026 година, а можеби и уште во јануари.

Според Греам Бејли, рекордна понуда од Саудиската професионална сè уште е на маса. Клубовите од Блискиот Исток сè уште се подготвени да му понудат договор вреден околу 150 милиони фунти годишно. Салах е нивна главна цел и тие се подготвени да го стават во иста категорија како Кристијано Роналдо, кој е најплатен играч во светскиот фудбал.

ПретходноСтруга ја заврши задачата против Шкупи
СледноФоден преку адвокати ќе ја бара правдата за лажните интернет вести