Македонскиот интернационалец и повремен репрезентативец, Јован Манев доживеал потешка повреда во последниот настап за својот тим, Нови Пазар. Како што објавија од клубот, Манев заработил сериозна повреда на вчерашниот натпреварот од Купот на Србија на мечот против екипата на Нафтагас.
„Повредата е наизглед тешка, но додека не бидат направени прегледите и да биде поставена конечната дијагноза, се уште немаме потврдени информации за каква повреда станува збор. На овој врвен дечко и играч му посакуваме што полесно да го преброди ова искушение и брзо да се врати на терен“, објавија од ФК Нови Пазар.










