Викендов без прволигашки фудбал: Мечевите од 12.коло се играат од 3 до 5 ноември, „Дербито на Македонија“ в среда под рефлектори!

203

Денеска со мечевите Брера – Шкендија и Вардар – Силекс се заокружува 11.коло во нашата елитна фудбалска лига. Со ова завршува првиот круг во тековната сезона 2025/26.

Со оглед на тоа дека за во недела е закажан вториот круг од Локалните избори, викендов нема да има прволигашки фудбал, но затоа од понеделник до среда ќе се играат мечевите од 12.коло или првото коло од вториот круг.

Се разбира дека во преден план е “Дербито на Македонија“ меѓу Пелистер и Вардар кое е закажано за во среда (05.11.2025) во Битола со почеток од 17 часот, значи ќе се игра под рефлектори.

Да кажеме дека мечот меѓу Шкупи и Шкендија е одложен за 15 ноември ако се знае дека в четврток (06.11.2025) тетовци ќе ја дочекаат Јагиелонија во меч од 3.коло во Лигата на Конференции.

Ова се термините за 12.коло во ПМФЛ:

ПОНЕДЕЛНИК

Арсими – Башкими (13.30 Ч)

ВТОРНИК

Работнички – Тиквеш (13.30 Ч)

Македонија ЃП – Струга ТЛ (13.30 Ч)

СРЕДА

Брера – Силекс (13.30 Ч)

Пелистер – Вардар (17.00 Ч)

05.11.2025

Шкупи – Шкендија (13.00 Ч)

Што се однесува до ВМФЛ, сите мечеви од 10.коло се играат утре од 13.30 часот, освен дуелот Брегалница – Детонит кој ќе се одигра од 17 часот под рефлектори во Штип.

ПретходноКадетите ја победија Финска на стартот на квалификациите за ЕП 2026
СледноМато е вардарово „ЗЛАТО“….. (ВИДЕО)