Кадетите против Финска ја почнуваат битката за пласман на ЕП 2026

39

Македонската кадетска ракометна репрезентација денеска ги стартува квалификациите за пласман на ЕХФ ЕУРО М18. Селекторот Горан Кузманоски и неговите момци ќе играа против репрезентациите на Грција, Финска и Луксембург, домаќинот на нашата група Д.

Македонија ја чека тридневен маратон, кој го стартуваат денеска против Финска, дуелот е закажан со почеток во 16 часот.

Прво и вторпласираните од петте квалификациски групи ќе обезбедат место на ЕП 2026 што ќе се игра во Србија.

Распоред и термини на оддигрување на натпреварите:

  • 31.10 – Петок – Македонија – Финска (16:00 часот)
  • 01.11 – Сабота – Македонија – Грција (14:30 часот)
  • 02.11 – Недела – Луксембург – Македонија (15:30 часот)
ПретходноПо успесите во Европа: Вредноста на Шкендија на Трансфермаркт скокна од 4,8 милиони евра на 7,1 милиони!
СледноВодител доби отказ поради ужасен коментар за Херем: Косата не треба да се фенира