Илија Несторовски, поранешниот македонски репрезентативец, а сега член на хрватскиот прволигаш Славен Белупо, во пресрет на дуелот со Хајдук, на пресот покрај другото кажа и дека тој веќе е стар за трансфери и дека сака да им помогне на помладите да се продадат:
„Не е тајна дека уживам да играм тука. Сега и не ми е важно толку да давам голови, туку повеќе да асистирам на помладите, со цел да ги продадеме. Јас сум веќе стар за продажба“ малку се пошегува Нестор
„Интересно е тоа што во таа 2016 година кога станав најдобар стрелец во Интер Запрешиќ не добив ниту една понуда од некој хрватски клуб. Можеби и подобро што испадна така, зошто заминав во Италија и направив одлична кариера во Серија А“ посочи македонскиот напаѓач.
 
                









