Официјално: Костов во Ц. Звезда до 2028! (ФОТО)

93
ФОТО:Crvenazvezdafk.com

Сега веќе е и официјално. Мега – талентот на Ц. Звезда, Василије Костов кој има македонски корени, го продолжи договорот со Ц. Звезда до 2028 година.

Како што е познато, за него се силно заинтересирани најголемите клубови во Европа, а Ц.Звезда бара 20 милиони евра и не се брза за да го продаде.

Инаку Костов и дефинитивно е изгубен за Македонија, ако се знае дека овој тинејџер има настап за А-селекцијата на Србија.

Впечатоците се одлични, голема чест ми е што го продолжив договорот со толку голем клуб. Новиот договор е само поттик да продолжам со уште подобри игри во наредниот период. Ми се допаѓа укажаната доверба, чувствувам дека луѓето од клубот и тренерскиот штаб веруваат во мене. Се надевам дека ќе ја оправдам таа доверба со игрите во остатокот од сезоната“ – рече Василије Костов.

Костов помина низ сите помлади тимови од младинска школа на Ц. Звезда, што многу му го олесни адаптирањето кон сениорскиот фудбал.
“Многу работи се променија откако се приклучив на првиот тим. На почетокот беше малку тешко, но сега веќе се навикнав на сениорскиот фудбал и се обидувам да играм најдобро што можам“.
Младиот фудбалер зборуваше и за своите цели за во иднина.
Не размислувам многу за иднината, имам желба да ја освојам двојната круна оваа сезона и да одам што подалеку во Лигата на Европа – заклучи Василије Костов за клупскиот сајт.

ПретходноEвропскиот поход на Јанта Волеј продолжува на 4 ноември во Скопје!
СледноАрдијан Нухиу на клупата на Тирана! (ФОТО)