Во последниот дуел од тековното единаесетто коло од ПМФЛ шампионатот, на Арената во моментов Вардар го пречекува тимот на Силекс.
По првите 45. минути на овој меч резултатот е 1:1.
Гостите ги имаа првите две убави ситуации, кога на два пати Дарко Додев успеа да избега по таа негова лева страна но и на два пати беше непрецизен во завршницата.
Казната бргу пристигна, кога една одлична длабочинска топка, го исфрли капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ сам пред Џеков, а напаѓачот на Вардар рутински реализира.
Домаќиниот тргна по двојно водство но се случи сосема спротивното. Убава акција од лево, ја доведе топката до Хрговиќ кој прецизно пласира под пречката на голот на Талески.
Обидите на Данев, Бабунски и Мато не резултираа со гол до крајот на полувремето.
 
                














