ПМФЛ: Шкендија се измачи против одличната Брера за трите бода!

108
ФОТО: KF Shkendija/FB

Брера – Шкендија 2:3 е исходот од попладневниот меч од 11.коло во Сртумица. Заслужена победа на тетовци, ама со многу мака. Струмичани и тоа како „покажаа заби“ што се вели.

По ремито со Вардар во Скопје, по победата над Струга ТЛ како гостин, Брера сепак не успеа и против Шкендија да дојде барем до реми против третиот тим оваа полусезона од “тројката“ која се бори за титулата во ПМФЛ.

Сепак добар настап на струмичани, посебно во второто полувреме. И тоа како и направи проблеми на Шкендија во тој дел од мечот.

Со оваа победа Шкендија има 24 бода, два помалку од водечката Струга ТЛ, исто колку и Вардар, ама скопските “црвено – црни“ имаат меч помалку.

А се почна со шансата на Ндзенгуе во 4.минута, но голманот на Шкендија, Гаје одличо одбрани. Исто и во 17.минута, Ндзенгуе одново во шанса, но голманот на Шкендија повторно го спасува својот гол.

Шкендија поведе во 12.минута по киксот на голманот Илоски кога Фитон Адеми со глава убаво се снајде и донесе 0:1 за Шкендија.

Во 27.минута веќе беше 0:2 за тетовци. Адеми сега асистираше а Ване Крстевски го удвои водството. Нема што, убав гол по кој екс – фудбалерот на Брера не му се израдува од почит кон својот некогашен клуб.

Да, Илоски направи голем кикс во 12.минута, но потоа домашниот голман по ударите на Спахиу и Красниќи, на фантастичен начин го спаси својот гол.

Во 39.минута, капитенот на Брера, Филип Антовски поради повреда, го го напушти теренот поради повреда.

НДЗЕНГУЕ СО ДВА ГОЛА, АМА ПРОМАШУВА ПЕНАЛ

Интересно беше во продолжението на овој натпревар. И двете екипи се растрчаа по лошиот терен на стадионот во Струмица.

Во 54.минута Ндзенгуе од трет обид конечно го совлада Гаје за 1:2. Сепак неколку минутио подоцна, по одличната акција на Трумчи, Красниќи од непосредна близина ја тресе домашната мрежа за 1:3.

Но, и ова не ги поколеба домашните. Тргнаа со сите сили а во 62.минута пенал за Брера, но не и гол. Ндзенгуе шутираше ама Гаје брани.

Напаѓачот на Брера како да се налути, па во 69.минута тресе за 2:3, ама дури по интервенцијата на ВАР собата овој гол беше признат.

Во последната фаза од средбата, кога виде дека нема да биде така лесно, тренерот на гостите мораше да внесе во игра и дел од стандарните, како Р. Рамадани, Тамба, Алхасан…

Токму Тамба во 89.имаше голема шанса за 2:4, но сепак не успеа да ја претвори во гол.

Што ли ќе беше ако Ндзенгуе во 90+3.минута го реализираше зицерот за 3:3, но Шкендија имаше многу среќа.

ПретходноБарса поблиску до Камп Ноу, Лапорта и компанија чекаат уште една дозвола!
СледноМбапе ја доби „Златната копачка“! (ВИДЕО)