Тофаш предводен од нашиот стратег Емил Рајковиќ го претрпе и третиот пораз оваа сезона во турскиот шампионат. Вечерва на гостувањето кај Ерокспор, тимот на Рајковиќ беше убедливо поразен со 92:70 и со тоа сега има 50% успешност по шест одиграни натпревари од почетокот на сезоната во Турција.
Интересно е што Тофаш ги доби сите домашни натпревари досега, а загуби на сите три гостувања.










