Хески: Ако Салах не даде гол, тоа е исто како да играте со играч помалку

28
фото: Sokkaa_RSS (X)

Мохамед Салах веќе некое време не игра на нивото на кое се навикнати навивачите на Ливерпу. Според поранешниот напаѓач на „црвените“, Емил Хески, падот на формата со возраста е природен, но предупредува дека кога Салах не постигнува голови, Ливерпул се чини дека има играч помалку на теренот.

„Би рекол дека не е во форма, но има и мало опаѓање што доаѓа со возраста. Секој што ќе наполни триесет години почнува да ги чувствува ефектите. Не е драматично за него бидејќи многу се грижи за себе, но ова не е ништо ново – се случува веќе две, три сезони. Кога постигнува гол, забораваме на сè друго. Но сега, кога не постигнува голови или не асистира, тој е под поголем надзор. Мо е посебен случај – тој е секогаш опасен, дури и кога не е во најдобра форма. Затоа тренерите не сакаат да го извадат од игра. Тој секогаш може да постигнува голови, но кога не придонесува, тимот понекогаш изгледа како да игра со десетмина“, заклучи Хески.

ПретходноКлајбурн со „тројка“ од речиси пола терен за победа на Барса во Белград