Со голот на Роџерс Мато, длабоко во судиското продожение од мечот, тимот на Вардар вечерва на Арената Тодор Проески, го победи тимот на Силекс со конечни 2:1.
Интернационалецот од Уганда го реализираше пеналот, кој што оправдано беше досуден по играњето со рака во шеснаесеникот на еден од играчите на Силекс.
Со ова Вардар повторно е лидер на табелата по единаесет доиграни кола.
Стартот на мечот го одбележаа двете сериозни шанси во кои се најде Дарко Додев, кој имаше два продори по таа лева страна но и на два пати беше непрецизен. За да на спротивната страна на асистенција на Роџерс Мато, во идеална ситуација еден на еден со голманот Џеков, се најде капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ кој што одлично реагира и погодува за 1:0.
Следуваше период во кој Вардар се обиде да реализира за двојно водство но се случи сосема спротивното.

Хрговиќ израмнува за Силекс
Во 14. Минута Силекс одигра добра акција повторно по таа лева стана во која во првиот дел беше исклучително опасен.
Топката дојде до Хрговиќ кој што пласира под пречката на голот на Талески за израмнување.
Потоа Вардар во уште еден обид да реализира пред полувреме но обидите на Бабунски, Данев и Мато не беа доволно прецизни за нов гол.

Матиќ и Мато промашуваат за ново водство
Второто полувреме во почетните минути го одбележа обидот на Мислав Матиќ кој од одлична позиција на петерецот со глава биеше директно во Џеков.
Следуваа двата обида на Роџерс Мато кој денеска немаше свој ден и шутираше на два пати над голот.
Џеков оправдано исклучен, Силекс остана со играч помалку
На десетина минути до крајот на мечот се случи еден од клучните моменти на овој меч. Една сосема едноставна ситуација ја искористи Едис Спахиу, кој што одзема една топка на самиот агол на игралиштето, а на него со раце надовр од шеснаестникот реагираше голманот Џеков. Оправдано црвен картон за голманот на гостите кои мораа да праваат принудна измена.
Игра со рака и пенал за Вардар
Длабоко во судиското продолжение, Вардар доби пенал по играњето со рака на еден од дефанзивците на Силекс, а Роџерс Мато, најдобриот стрелец на „црвено – црните“ во овогодинешниот шампионат беше сигурен реализатор.
















