Најдовски: Мојот кам-бек на терен никогаш не беше спорен, а Вардар како и секогаш оди на победа

174
Фото: ФФМ

Денеска финишира единаесеттото коло од домашниот фудбалски шампионат, а како последен дуел закажан од 17 часот, на Арената Тодор Проески во Скопје се среќаваат екипите на Вардар и Силекс.

Во моментов овој меч треба да се окарактеризира како дерби за самиот врв затоа што и Вардар но и Силекс сезонава шокажаа завидно ниво на квалитет, и собраа бодови со кои што се највисоко на табелата.

Домаќинот по одличниот настап во Тетово против Шкендија и добиеното големо дерби сега има задача да го потврди сето тоа со домашен триумф против тимот од Кратово.

Во Тетово, еден од најдобрите на теренот, иако е тешко да се одбере кој беше најдобар во тој без малку перфектен меч за Вардар беше искусниот Филип Најдовски. Стоперот по месеци опоравување од повредата, конечно заигра и го зазема своето место во тимот.

„По долга пауза на секој играч му е потребно време за да се врати во колосек што се вели и да ја достигне потребната форма. Така и јас. Долго време без надвор од теренот, но со напорна работа и тренинзи секако дека може да се дојде до тоа. Јас во ниту еден момент не се сомневав во мојот кам бек. Благодарност до сите кои што работеа со мене во текот на сите овие месеци“ – вели Најдовски, а потоа го коментира дербито против Шкендија и оној негов бравурозен потег со кој спаси водство на домашните во првото полувреме од тој дуел.

„Да, тоа беше добра интервенција од моја страна но далеку од тоа дека беше клучна за целиот меч. Клучна беше тактиката која беше одлично поставена од страна на стручниот штаб. Играта на сите момци кои настапија на овој меч. Заслужено победивме на тој меч“, вели Најдовски.

Што се однесува до дуелот со Силекс најави победа и респект за противникот.

ПретходноЖесток удар за Барса – Флик не го одмори ниту минута, па се повреди
СледноПо успесите во Европа: Вредноста на Шкендија на Трансфермаркт скокна од 4,8 милиони евра на 7,1 милиони!