Не одигра ни еден меч, а повторно се повреди

69

Играчот од средниот ред на Монако, Пол Погба повторно се повреди. Францускиот фудбалер кој се уште нема одиграно натпревар за Монако, заработил повреда на глуждот на тренингот вчера, потврди тренерот на тимот, Себастијан Покоњоли.

Пол Погба не учествуваше на тренингот на Монако денеска и ќе го пропушти натпреварот против Париз утре. Враќањето на Погба претходно беше одложено поради повреда на мускулот здобиена на почетокот на октомври.

Французинот потпиша со Монако ова лето и не одигра ниту еден официјален натпревар за својот нов клуб. Интересно е што поради суспензијата, тој снема одиграно официјален меч од 2023 година.

ПретходноРајковиќ и Тофаш повторно поразени на гости
СледноПелистер Волеј во хумана мисија, в сабота сите во „Боро Чурлевски“