По успесите во Европа: Вредноста на Шкендија на Трансфермаркт скокна од 4,8 милиони евра на 7,1 милиони!

251

Така е тоа кога имаш успеси во Европа. Не само да се пласираш во групната или лигашка фаза во Лигата на Конференции, туку и да победуваш како што тоа го прави Шкендија.

И по тоа, вредноста на играчите, односно вкупната вредноста на тимот, секако дека ќе скока. Така и со вредноста на Шкендија која според најновите објави на Трансфермаркт, која драстично порасна.

Ако пред некој ден таа вредност изнесуваше само 4,8 милиони евра, сега таа изнесува 7,1 милиони евра. Со оваа сума тетовци се убедливо на првото место на табелата во ПМФЛ, Вардар е втор со 4,76 милиони евра, додека Струга ТЛ е трета со 4,63 мииони евра.

Инаку со растот на вредноста на Шкендија, порасна и вредноста на ПМФЛ која сега вреди речиси 40 милиони евра или 39,09 милиони евра.

Ова е табелата на Трансфермаркт на клубовите и нивната вредност во ПМФЛ:

ШКЕНДИЈА 7.100.000 евра

ВАРДАР 4.760.000 евра

СТРУГА ТЛ 4.630.000 евра

СИЛЕКС 3.600.000 евра

РАБОТНИЧКИ 3.490.000 евра

МАКЕДОНИЈА ЃП 2.630.000 евра

БРЕРА 2.610.000 евра

ПЕЛИСТЕР 2.500.000 евра

БАШКИМИ 2.260.000 евра

АРСИМИ 2.240.000 евра

ТИКВЕШ 2.220.000

ШКУПИ 1.090.000 евра

ЦАКЕ, МАТО, КОМПАОРЕ, ИЛИЕВСКИ, Р.РАМАДАНИ…

Кога сме кај играчите поединечно, тогаш може да се види дека Клисман Цаке од Шкендија и натаму е најскапиот или играч со најголема вредност според Трансфермаркт во нашата ПМФЛ.

Вредноста интернационалецот од Албанија, сега и репрезентативец на таа земја, од 600.000 евра скокна на 700.000 евра.

На второ место се Мато (Вардар), на кого по блескавите игри вредноста му скокна од 350.000 на 500.000 евра, Компаоре и Илиевски (Струга ТЛ), Р.Рамадани и Тамба (Шкендија) исто со по 500.000 евра.

Најголем скок има Компаоре од 200.000 на 500.000 евра. Од ова произлегува дека највредни македонски играчи во ПМФЛ се Бојан Илиевски (Струга ТЛ) и Решат Рамадани (Шкендија) со по 500.000 евра. Инаку и двајцата се репрезентативци

Ова е табелата на играчите со најголема вредност според Трансфермаркт во ПМФЛ:

700.000 евра – Клисман Цаке (Шкендија)

500.000 евра – Роџерс Мато (Вардар), Басиру Компаоре и Бојан Илиевски (Струга ТЛ), Решат Рамадани и Фабрис Тамба (Шкендија).

450.000 евра – Имран Фетаи и Роналдо Вебстер (Шкендија).

400.000 евра – Александар Трумчи и Арбин Зејнулаи (Шкендија), Димитар Трајков (Работнички), Ади Алиќ (Силекс).

350.000 евра – Ѓорѓије Јанкулов (Вардар), Марјан Радески (Струга ТЛ), Адаму Алхасан (Шкендија)

ПретходноНајдовски: Мојот кам-бек на терен никогаш не беше спорен, а Вардар како и секогаш оди на победа
СледноКадетите против Финска ја почнуваат битката за пласман на ЕП 2026