Познати се помошниците на “Македонецот“ во селекцијата на Србија: Некогашна ѕвезда на Јунајтед, Португалец, Аргентинец…

304
ФОТО: Veljko Paunovic Coach/FB

Од вчера и официјално Вељко Пауновиќ е новиот селектор на Србија. Како што е познато тој има и македонски корени преку неговата мајка, потоа роден е и живеел во Струмица до својата осма година а го говори и македонскиот јазик.

Пауновиќ не сакаше ништо да експериментира па во стручниот штаб на селекцијата на Србија ќе биде опкружен со свои луѓе со кои долги години соработува.

Тоа се Карлос Арсено од Аргентина и Нуњо Гомеш од Португалија, тука е и некогашната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Квинтон Форчјун.

Инаку “Македонецот“ Пауновиќ ќе има пеколно деби за Србија, и тоа на 13 ноември на гости кај Англија, меч кој се игра на славниот “Вембли“.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Ш.Б. од Гостивар освои 6.536.213 денари
СледноПолувреме во Струмица: Адеми и Крстевски “тресат“, Шкендија со водство