Заврши првото полувреме од мечот во Струмица меѓу Брера и Шкендија, и тоа со водство на шампионот со 0:2. По киксот на голманот Илоски во 12.минута, Фитон Адеми со глава донесе водство од 0:1 за гостите. Во 27.минута Адеми асистираше а Ване Крстевски зголеми на 0:2. Убав гол по кој екс – фудбалерот на Брера не се радуваше од почит кон својот некогашен клуб.
Илоски направи кикс во 12.минута, но затоа домашниот голман во два наврати, по ударите на Спахиу и Красниќи, на фантастичен начин го спаси својот гол.
Можеби се ќе беше поинаку ако Ндзенгуе во 4.минута од изгледна шанса му донесеше водство на домашниот состав, но Гаје го одбрани тој удар на напаѓачот на Брера. Иста ситуација и во 17.минута, но Гаје одново го одбрани ударот на Ндзенгуе.
Во 39.минута, капитенот на Брера, Филип Антовски мораше да го напушти теренот поради повреда.
 
                














