Судиска комисија: Две спорни, но исправни судиски одлуки на мечот Вардар – Силекс

352

На натпреварот од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, помеѓу екипите на Вардар и Силекс, беа анализирани две спорни ситуации.

По преглед на видео снимката од 85. минута, утврдено е дека главниот судија правилно покажал црвен картон за гостинскиот голман поради влечење и држење на противнички играч надвор од шеснаесетникот, при што голот е празен (небранет). Одлуката е исправна согласно правилата на игра.

 

По интервенција на судиите од ВАР собата, главниот судија е повикан на официјален преглед на ситуацијата од судиското надополнување во второто полувреме.

По преглед на снимката, утврдено е дека имаше игра со рака на дефанзивецот на гостинската екипа во сопствениот шеснаесетник. Донесената одлука за казнен удар (пенал) е исправна.

 

Судиската комисија ја потврдува исправноста на двете клучни одлуки на натпреварот.

ВАР системот повторно се потврди како клучна поддршка за судиите во носењето точни и правични одлуки во најважните моменти од натпреварите.

ПретходноФановите на Јуве со порака до Спалети: Веднаш да ја отстраниш тетоважата!(ФОТО)
СледноРајковиќ и Тофаш повторно поразени на гости