Со доаѓањето на клупата на Јуве, Лучиано Спалети ги изнервира прво фановите на Наполи, а потоа и оние на клубот од Торино.
Наполитанците му се налутија што замина во таборот на вечниот непријател, а фановите на Јуве што дојде за тренер а тетоважата на неговата рака, направена по освојувањето на титулата во 2023 уште не му е отстранета.
Да потсетиме дека Спалети со Наполи во сезоната 2022/23, и нашиот Елиф Елмас беше дел од тој шампионски состав, ја освои титулата и по тој повод направи тетоважа со знакот на Наполи.
По се ова фановите на неговиот нов клуб имаа посебна порака до Спалети:
“Веднаш да ја тргнеш тетоважата“.
Сега на потег е самиот Лучиано.










