Колото број 5 во елитната конкуренција носи неколку натпревари, од кои извесно, со префикс на дерби е оној во кој ќе се сретнат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и МКК Куманово.
Закажан е за сабота навечер, од 18.часот во големата сала на СЦ „Јане Сандански“. Многу важен за двете екипи, од различен аспект.
Кумановци доаѓаат во Аеродром со епитетот на непобедливи, односно се една од трите екипи кои во изминатиот период имаат максимален број на победи – четири. И извесно, тимот кој го предводи Марин Докузовски ќе се обиде да го продолжи тој победнички чекор, кој ги донесе и на делба на првото место на табелата во МТЕЛ лигата.
Од друга страна, за шампионот повеќе нема простор за нови киксови. Веќе се во застанување, по оној службен пораз, па дуелот со кумановските „сино-бели“ во некоја рака има и императивна форма, што го прави овој меч уште поинтересен за љубителите на кошарката не само во Скопје, туку и пошироко.
Ова ќе биде и коло во кој сите шест натпревари ќе се играат во главниот град.
Пелистер, екипата која е исто така на максимален ефект, овој викенд ќе му гостува на тимот кој засега е без победа – Ангели, во дуелот кој е предвиден да се игра во недела, од 14.30 часот, во салата „Независна Македонија“.
Во недела ќе игра и ТФТ, третиот тим со беспрекорен низ на успешни игри. „Црно-белите“ гостуваат во СЦ „Јане Сандански“, а против себе ќе ја имаат младата екипа на Феникс 2010 (досегашен скор 1-3).
По комплетирањето на екипата, кошаркарите на Работнички се во серија од две победи, а во сабота, од 18.часот, избраниците на тренерот Владимир Мирковски ќе се обидат да дојдат и до третата. Пред себе за ривал го имаат Гостивар, екипа која во претходните четири кола оствари еден позитивен резултат.
Еден час подоцна, во салата „Шабан Трстена“, кошаркарите на Чаир 2030 ќе пробаат да дојдат до првиот првенствен успех. За противник во дуелот кој стартува од 19.часот, ќе го имааат гевгелиски Кожув, кој од почетокот на новиот шампионат има биланс од две победи и два порази.
Во иста ситуација се и играчите на Маџари, кои по навистина добрите игри во нивната дебитантска сезона, кои за жал ги завршија без краен позитивен ефект, имаат уште една шанса. Сега на домашен терен, против екипата на Тиквеш Голден Игл.
„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 5. КОЛО
1.НОЕМВРИ (САБОТА)
18.00: МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/g-tAPbDrK9I?si=CBTBjGHVsZlHvywK
18.00: Работнички – Гостивар
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/UNtI9406hqE?si=pJy64AlbSn1dK4HU
19.00: Чаир 2030 – Кожув
Сала „Шабан Трстена“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Xy6o5hx4Toc?si=IkQ5TERG8egJbuzH
2.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)
14.30: Ангели – Пелистер
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/KoiDqm9lSa8?si=x8TmIFb8pKD69bto
19.00: Маџари – Тиквеш Голден Игл (МРТ3)
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/oHaVyGw0dnk?si=P9zGugBLxio6yD_M
20.00: Феникс 2010 – ТФТ
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/FDV1BjEqjhM?si=W3EpeWzGxbnyzdd0










