Струга ТЛ како гостин на свој терен имаше проблеми со Шкупи, не одеше баш така лесно, но сите проблеми беа решени со двата гола на Басиру Компаоре кој ја продолжува голгетерската серија. Со овие два гола сега тој има 11 голови на исто толку мечеви во ПМФЛ сезонава. И е најдобар стрелец, и е еден од најдобрите во тековната сезона.
Затоа според „СпортСпорт“ е играч на ова 11.коло.
Покрај него во тимот на колото се и Стевковски (Тиквеш), Маневски, Најдовски, Мато и Омерагиќ (Вардар), Трумчи, Крстевски, Красничи и Адеми (Шкендија), Велија (Арсими).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
БАСИРУ КОМПАОРЕ
Тим: Струга ТЛ
Роден: 23.04.1998 во Буркина Фасо
Кариера: Сонабел, Итихад Танџер, ЦА Кенифра, Клуб Африкан, Мајадохонда, Туделано, Талавера, Дон Бенито, Струга ТЛ















