Аморим: Не ме интересира дали сме пред Ливерпул, сакам да бидеме шампиони!

30
фото: Manchester United (X)

Како да тргнаа работите во Манчестер Јунајтед. Тимот на Рубен Аморим е во победничка серија, па затоа по 9.коло во Премиер-лигата, Јунајтед е на 6.место со 16 бодови и тоа пред Ливерпул кој е седми со бод помалку.

Во пресрет на денешниот меч со Нотингем Форест, стратегот на Јунајтед, Рубен Аморим имаше свој коментар:
“Видете, воопшто не ме интересира дали сме пред Ливерпул. Јас сакам да победувам на секој меч и на крајот да бидеме шампиони, да завршам на врвот на табелата“ посочи Португалецот.

За играњето во Европа тој искоментира:

Играњето во Европа е клучно за давање шанса и минутажа на сите играчи, посебно на младите. На пример Меино за да ги добие минутите кои што ги заслужува, му требаат повеќе натпревари за да можам да ротирам“.

ПретходноМакедонските ракометари на сцена во Куманово
СледноОфицијално: Џенова му врачи отказ на Виеира! (ФОТО)