Атлетико славеше, Гризман постигна 200 гола во Ла Лига

24
фото: Atlético de Madrid (X)

На стадионот „Ванда Метрополитано“, Атлетико (М) денеска славеше уште една победа, овој пат со високи 3:0 над екипата на Севиља. Гостите се чини не можеа посериозно да опонираат, иако на полувреме отидоа со почетните 0:0.

Во 64-та минута Хулијан Алварез од пенал му донесе водство на Атлетико Мадрид, а во 78-та минута водството беше удвоено со голот на Алмада.

Конечните 3-0 беа дело на брилијантниот Антоан Гризман, со неговиот втор гол сезонава во Примера, а 200-ти во неговата кариера во шпанското првенство.

ПретходноАрсенал продолжува со шампионскиот марш, Нотингем го запре Манчестер Ј. (ВИДЕО)
СледноШкендија (А) со реакција: Силно ги осудуваме срамните дела кои се случија во Прилеп!