И со комбиниран состав фудбалерите на Баерн (М) лесно и убедливо го добија дербито на колото во Бундеслигата против баер (Л) со 3:0.
Гостите речиси и не се заканија во овој натпревар, иако Баерн немаше препознатлив посед на топката, играа тактички супериорно, совршено, доволно добро што Леверкузен дури и не успеа сериозно да се закани.
Гнабри во 25-тата минута отвори за 1:0, а шест минути подоцна Џексон зголеми и на 2:0.
Во 43-тата минута, гостите само погодија во сопствениот гол. Автоголот на Лоик Баде за 3:0 беше и конечен резултат на мечот.
Кејн, интересно, влезе само во второто полувреме, но до крајот не постигна гол.










