Брегалница не успеа да слави против Детонит

145

Брегалница и Детонит Плачковица одиграа без голови (0:0) во последниот натпревар од 10. Коло во Втората фудбалска лига на Македонија. Вечерва дуелот во Штип се играше под рефлектори, но тоа не им помогна на домашните да дојдат до планираните три бода.

Гостите од Радовиш успеаја да останат непоразени и да заминат со еден голем бод од Штип. Со овој „кикс“ на Брегалница, во ВМФЛ на врвот на табелата осамена е екипата на Шкендија од Арачиново.

Арачиновци со денешната победа во Прилеп дојдоа до предност од два бода пред Брегалница. Детонит остана на делба на третото место.

ПретходноШкендија (А) со реакција: Силно ги осудуваме срамните дела кои се случија во Прилеп!
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 11.КОЛО: Компаоре не знае за доста