ВМФЛ: Лидерот на мегдан со Детонит во дербито на колото кое се игра под рефлектори

48
ФОТО: Фудбалски клуб Брегалница / Football Club Bregalnica/FB

Денеска на програмата се сите осум средби од 10.коло во ВМФЛ. Сите мечеви започнуваат од 13.30 часот, само дербито на колото во кое се среќаваат Брегалница и Детонит, кое се игра во Штип, ќе почне од 17 часот и ќе се игра под рефлектори.

Секако дека „сините“ се фаворити на хартија, со победа и натаму ќе бидат лидери, играат пред своите фанови, но Детонит си има свои адути.

Втората на табелата, Шкендија Аарачиново, гостува кај Победа и посакува нови три бода. Тимот на Скопје гостува кај Саса со намера да дојде до бодовите, а Охрид сака продолжува на добрата серија и со победа кај Преспа.

ДВОЈКИ ЗА 10.КОЛО – ДЕНЕСКА 13:30 Ч

Тетекс – Осогово

Победа – Шкендија (А)

Кожуф – Беласица

Вардар (Н) – Слога (В)

Новаци – Г. Коњари

Саса – Скопје

Преспа – Охрид

Брегалница – Детонит (17 Ч)

ТАБЕЛА

Брегалница 23, Шкендија (А) 23, Охрид 18, Скопје 17, Детонит 17, Кожуф 16, Беласица 16, Осогово 13, Новаци 13, Саса 10, Победа 10, Вардар (Н) 9, Тетекс 7, Преспа 6, Слога (В) 3, Г. Коњари 3.

ПретходноМбапе повторно е играч на месецот во Ла Лига!
СледноНеверојатно: Сите мечеви од 5.коло се играат во Скопје!