Жоао Педро му донесе победа на Челзи во лондонското дерби (ВИДЕО)

25
фото: Chelsea FC (X)

Фудбалерите на Челзи го победија Тотенхем како гости со 1:0 во лондонското дерби одиграно во рамките на 10-то коло од англиската Премиер лига.

„Сините“ беа многу подобар ривал и целосно заслужено победија, што можеше да биде и поубедливо. Со овој триумф, Челзи се израмни со Тотенхем по бодови, двата тима имаат по 17, и моментално се на третото и четвртото место на табелата.

Победничкиот гол за тимот на менаџерот Енцо Мареска го постигна бразилскиот напаѓач Жоао Педро во 34-тата минута.

ПретходноБаерн не се ни помачи со „фармацевтите“
СледноКожув славеше на гостувањето кај Чаир