Кожув славеше на гостувањето кај Чаир

29
фото: КК Кожуф (FB)

Кожув славеше на гостувањето кај Чаир во последниот денешен меч од 5. коло во Првата лига. Гевгеличани однесоа победа со 80:84, против тимот кој досега во првенството не успеа да оствари ниту една победа.

Чаирчани почнаа добро, одиграа одлична прва четвртина и водеа со 22:19. Во вториот период Кожув се врати со убава серија и на крајот успеа да замине со предност на полувремето.

Во вториот дел гостите ја контролираа играта и резултатот, иако во завршните десетина минути домашните кошаркари направија се за да се вратат резултатски, но Кожув умешно ја сочува предноста за трета сезонска победа.

Парвис со 18 поени го предводеше гостинскиот тим. Кај домашните се истакна Реџа со 21 поен.

ПретходноЖоао Педро му донесе победа на Челзи во лондонското дерби (ВИДЕО)
СледноАморим по ремито со Форест: Ова е добар резултат, играме се подобро