Наполи освои само бод на мечот со Комо во 10. коло од Серија А, откако на домашен терен одигра само 0:0. Гостите дури можеа и до победата, ако се знае дека Алваро Мората промаши пенал во првото полувреме од мечот.
Елиф Елмас почна од клупата, но доби шанса да влезе на теренот во 37. Минута како замена за повредениот Гилмур.
Во 80-тата минута видовме една убава шанса за Наполи, кога Политано ја испрати топката во шеснаесетниот, а Хојлунд се обиде со глава, но не успеа да погоди за победа.
Наполи останува на врвот, но сега само со бод предност пред Рома.










