Македонската ракометна машка репрезентација вечерва во Куманово на подготвителниот натпревар против Јапонија, загуби со конечни 31:32. Противникот прикажа одлична игра пред гостинска публика, а нашиот кормилар Кире Лазаров со свое видување на овој меч, од кои увиде и добри и лоши страни.
„Сакам најпрво да кажам дека имавме екстра квалитетен противник како партнер за овој пријателски меч како подготовка за европското првенство. И самите се уверивте во квалиетот на Јапонија. Во текот на сите шеесет минути играа скоро совршен ракомет. Еден од подготвителните мечеви го победивме, еве другиов го загубивме од отворен тип. Имав доста материјали да ги оствестам момците дека се работи за сериозна репрезентација, која што нон стоп е дел од Олимписки игри, Светски првенства, Азиски игри. Плус ако се земе впервди кој се им бил селектор, очигледно дека сакаат да одат напред. Како играа можам слободно да кажам дека заслужено победија. Иако немам замерка за играта на момците и за посветеноста, можеби ни фалеше малку повеќе ангажман за да ги победиме. Добра подготовка за она што ни следува на Европското првенство. Брза игра, невозможно да менувате многу играчи, тоа јапонците знаеја да го искористат. Ни фале доста првотимци, но тоа се искористи некои други играчи да видиме како ќе реагираат пред домашна публика со сериозен противник.
Задоволен сум од атмосферата. Дечките имаатб добра атмосфера во тимот. Мислам дека тоа е добар предуслов за добри игри. Но, негативна работа е појавувањето повторно на тој наш менталитет. Сите играат ракомет, и мора да се пристапува сериозно на секој противник. Тука имам мала замерка. Коцепциски не бевме во можност да го пробаме она што сакаме да го играме на европското првенство. Она што од друга страна го напоменувам, е тоа дека сите играчи ќе добијат адекватна шанса, затоа што како ретко кога Македонија има фонд на играчи за кои може репрезентацијата да смета“ – рече Лазаров.










