Легендата на Челзи го исмеваше Тотенхем!

20
ФОТО:Tottenham Hotspur F.C./FB

Во пресрет на вечерашното дерби во Премиер-лигата меѓу Тотенхем и Челзи, свој коментар имаше и легендарниот капитен на “Сините“, Џон Тери.

Јасно е дека е големо анимозитетот меѓу овие два клуба, а посебно кога фановите на „Спарси“ се споредуваат со клуб кој досега има освоено две титули во Лигата на Шампионите.

Тој на тврдењата дека Тотенхем е поголем клуб од Челзи на светско ниво, во еден популарен поткаст се пошегува со Тотенхем и неговите фанови.

Зборовите „Спарси“ и “светски“ не треба да се користат во иста реченица. Инаку од Тотенхем ме поканија на мечот и ми кажаа да бидам на стадионот во 18:29 часот а мечот почнува од 18:30, ми кажаа дека ќе ме однесат во обиколка на трофејната сала“ јасно алудирајќи дека овој клуб нема речиси ништо освоено во последните децении па посетата на трофејната сала би можела да заврши за една минута.

ПретходноНеверојатно: Сите мечеви од 5.коло се играат во Скопје!
СледноМакедонските ракометари на сцена во Куманово