Македонија минимално поразена на втората контрола со Јапонија (ФОТО)

76

Македонската ракометна репрезентација на втората средба против Јапонија запиша минимален пораз од 31-32 (17-16). Со овој меч, Кирил Лазаров и неговите избраници ја затвараат ЕХФ неделата која беше максимално искористена како вовед на подготовките за настап на Европското првенство 2026 година. Првата средба меѓу овие две селекции ја победи Македонија со 29-27 и истата беше од затворен карактер.

Серафимов со седум гола беше прв стрелец во нашите редови, по четири имаа Костески и Кузмановски. Томовски запиша 14 одбрани, Галевски запиша една одбрана од седум метри.

Нашите ракометари имаа шанса овој меч во најмала рака да го завршат со нерешено, но не ги искористија шансите.

Од седмата минута нашите ракометари со серија 3-0 (Стојковиќ, Серафимов и Костески) и една одбрана на Томовски, поведоа со два гола разлика (6-4), истата ја одржуваа до пред средината на првото полувреме. Неколку нереализирани напади, противникот ги искористи максимално и за првпат поведе со два гола, 9-11 беше во 20-та минута. Лазаров повика тајм-аут, Серафимов одговори за 10-11. Јапонија не застана, дојде на плус три (10-13) во 23-тата минута.

Македонија влезе во брз ритам, за само три минути со серија од 6-0 го смени текот на мечот. Пешевски, Николов, Аларов, Кузмановски и Петковски донесоа водство од 16-13 во 26-та минута. Две важни одбрани имаше и Томовски. Момците на Лазаров не го задржаа истиот ритам, и дозволија на Јапонија да израмни на 16-16 (во меѓувреме имвме и нерелизиран удар од седум метри). Петковски ја прекина серијата на противникот, а Томовски запиша нови две одбрани за 17-16 на одморот.

Македонија на стартот на второто полувреме имаше позитива од два гола (18-16, 19-17), но Јапонија повторно успеа да донесе неизвесност и израмни на 19-19, по што се играше изедначено. Со тоа што Јапонија нешто подоцна ги казни сите наши грешки (нападот не беше на ниво на задачата, исто и одбраната) успеа со три гола во низа да дојде на плус три (25-28) во 50-та минута.

Серафимов од седум метри го прекина налетот на гостите, на него се надоврза Џонов, кој украде топка и реализираше за 27-28. Од овој момент Македонија беше на негатива од еден гол. Филип Кузмановски капитенски на нецели пет минути до крајот по одбрана на Томовски израмни на 29-29 за неизвесна завршница. При 30-31, Серафимов не успеа да израмни, Јапонија дојде на плус два (30-32). Но, Џонов постигна важен гол (31-32), противникот загуби топка. Македонија на минута беше во напад, Џонов не успеа да израмни. Јапонија не релизираше, но ниту нашите ракометари го искористија последните секунди.

ПретходноКоментар на 11.коло: Вардар наликува на шампионски тим!
СледноЛајпциг го доби дербито против Штутгарт