Македонските кадети поразени од Грција во битката за ЕП

20

Македонската кадетска репрезентација не успеа да дојде до втората победа во квалификациите за пласман на ЕП 2026 година, откако беше совладан од Грција со 31-32. Со овој пораз избраниците на Горан Кузманоски направија чекор назад во остварување на целта.

Поповски и Николоски со по шест гола беа први стрелци, по пет имаа Петрески и Ѓорѓиевски.

Македонија имаше се во свои раце, водеше со 24-20, но противникот целосно се врати, израмни на 25-25 за целосна драма во финишот. При 30-30, Грција со два гола во низа најави дека ќе ги освои бодовите.

Последен противник на Македонија во овие квлификации е Луксембург, мечот се игра утре.

ПретходноВиљареал го „уништи“ Рајо
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)