Македонските ракометари на сцена во Куманово

36

Македонската ракометна репрезентација денеска (16 часот) во салата во Куманово ќе го одигра вториот пријателски натпревар во рамките на ЕХФ неделата. Противник на Кирил Лазаров и неговите избраници е селекцијата на Јапонија. Овие две репрезентации ги одмерија силите пред два дена, а победник од оваа средба која беше затворена за јавноста излезе Македонија, славеше со 29-27.

Лазаров на прозивката најави дека ЕХФ неделата ќе ја искористи максимално за проверка на младите сили кои се најдоа на списокот. Овие седум дена беа вовед на подготовките за главните битки кои Македонија ќе ги води во јануари во Хернинг. Овој град е домаќин на нашата група на Европското првенство каде ќе ги одмериме силите со Данска, Португалија и Романија.

Билетите за мечот меѓу Македонија и Јапонија се пуштени во продажба по симболична цена од 100 денари.

ПретходноЛегендата на Челзи го исмеваше Тотенхем!
СледноАморим: Не ме интересира дали сме пред Ливерпул, сакам да бидеме шампиони!