Манев: Немам посериозна повреда, паузирам околу еден месец

34

Македонскиот интернационалец и репрезентативец Јован Манев кој во моментов настапува во српската Суперлига за тимот на Нови Пазар доживеа пех и се повреди. Првично информациите беа дека станува збор за потешка повреда и дека го чека долга пауза, но Спортспорт го контактираше Манев и тој од прва рака пренесе што точно се случува.

„Прегледите покажаа дека немам потешка повреда. Стручно кажано, имам мала луксација на пателата, но нема други оштетувања на коленото. Секако дека ова е добра вест. Нема долго да паузирам. Околу еден месец, а потоа се враќам на терен“ – ни изјави Манев.

Тој периодов секако беше дел од нашиот национален тим, и селекторот Милевски смета на него откако Манев ќе се опорави од повредата.

Претходно“Реал е најдобриот клуб во светот, ама и ПСЖ е еден од најдобрите!“
СледноПауновиќ одбил милион евра од Лудогорец за да ја преземе Србија