Од денес достапни билетите за Шкендија – Јагиелонија

47

Од ФК Шкендија предмалку објавија дека од денеска и официјално се пуштени во продажба билетите за претстојниот дуел од третото коло од Лигата на Конференции против екипата на Јагиелонија од Полска. Мечот се игра на 6 ноември на Арената Тодор Проески во Скопје.

Актуелниот македонски шампион Шкендија во досегашните две кола има еден пораз и една победа, онаа историска против тимот на Шелбурн од 1:0 на домашен терен.

ПретходноПауновиќ одбил милион евра од Лудогорец за да ја преземе Србија
СледноЧелзи има нов спортски директор