Вељко Пауновиќ е новиот селектор на репрезентацијата на Србија. Тој го наследува Драган Стојковиќ Пикси на кормилото на селекцијата која што има сериозни проблеми во моментов на резултатски и играчки план, а врвот на се беше поразот од Албанија во Лескова од 0:1, во рамките на Мундијалските квалификации.
Од друга страна пак, бугарските медиуми денеска велат дека Пауновиќ пред да ја преземе репрезентацијата, имал отворена понуда да го преземе најдобриот бугарски клуб, Лудогорец за годишна сума од еден милион евра.
Пауновиќ требаше да биде најплатениот тренер во историјата на бугарскиот шампионат.










