“Реал е најдобриот клуб во светот, ама и ПСЖ е еден од најдобрите!“

19
ФОТО: Real Madrid C.F./FB

Иако Килијан Мбапе во минатата сезона, прва во дресот на Реал Мадрид, не освои речиси ништо, сепак дојде до „Златната коапачка“ како најдобар стрелец во Европа. Затоа неговиот некогашен клуб ПСЖ ја освои титулата во ЛШ.

И оваа сезона Мбапе блеска во дресот на “Кралевите“, Ла Лига за септември и октомври го избра за најдобар играч.

А еве што кажа Мбапе за споредбата меѓу Реал Мадрид и ПСЖ:

Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот, ама и ПСЖ е еден од најдобрите. Не треба да се прават споредби. ПСЖ е многу помлад клуб, со различна историја. Реал има поголема историја зад себе. И културата е различна. Јас сум среќен што сега сум дел од еден таков клуб како Реал Мадрид“ посочи Мбапе.

ПретходноРФМ ќе ги круниса најдобрите за 2025 година!
СледноМанев: Немам посериозна повреда, паузирам околу еден месец