Реал како фурија, Валенсија немаше шанси

39
фото: Real Madrid CF(X)

Фудбалерите на Реал Мадрид со леснотија ја совладаа екипата на Валенсија со 4:0 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Момците на Чаби Алонсо ја потврдија одличната форма по победата во „Ел Класико“ и остварија нова победа против „лилјаците“.

Килијан Мбапе го отвори резултатот во 19-тата минута од белата точка, а само 12 минути подоцна тој повторно се впиша во листата на стрелците. Винисиус промаши пенал во 43-тата минута, но по само две минути Белингем го постигна и третиот гол за домашниот тим. Во второто полувреме Реал го умртви темпото и со голот на Алваро Карерас во 82-та минута го затвори натпреварот.

Со оваа победа Реал остана на врвот на Примера со 30 бодови, а Валенсија ја продолжи лошата серија без победа и во моментов се наоѓа во опасната зона со само 8 бода.

ПретходноСалах и Гравенберх како мелем на рана за Слот
СледноНезапирливиот Роналдо донесе нова пресврт-победа за Ал Наср