ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)

39

Јасно е дека нема дискусија за тоа кој е тренер на ова 11.коло. Тоа е Гоце Седлоски и тоа поради победата на неговиот Вардар во дербито со Силекс. Два дерби меча, две победи со Шкендија и Силекс и сега е на 30 официјални меча без пораз на домашна сцена.

Вардар и на мечот со кратовци не блескаше, но како тим кој знае што сака дојде до тоа што го сака, а тоа е победа.

Овој Вардар под водство на трофејниот стратег едноставно си собира бодови, победува и засега е тим кој што е единствен без пораз во тековната 2025/26 сезона во ПМФЛ.

Седлоски успева да го “моделира“ тимот според своите замисли, според својата фудбалска филозофија. Најважно е што Вардар на Седло никогаш не се предава, па затоа и постигнува голови на некои мечеви во тие последни секунди, голови за победа.

ПретходноМакедонските кадети поразени од Грција во битката за ЕП
СледноПолувреме: Томовски блеска, Македонија води против Јапонија