Филип Кузмановски: Не сум среќен по поразот, но имаше и добри моменти!

112

Македонија попладнево во Куманово во пријателски натпревар беше поразена од селекцијата на Јапонија со 31:32. Ова беше убава контрола за нашата селекција со цел селекторот Кирил Лазаров да го види на дело моменталниот капацитет на нашиот национален ракометен тим во пресрет на она што е најважно, а тоа ЕП 2026.

По мечот својот коментар за средбата со Јапонија го даде нашиот капитен Филип Кузмановски:

Според мене во овој период за нас ова беше најдобар можен противник, да видиме. Навистина играат многу брз ракомет, и моментално во светот и во Европа ова е ракометот. Брза транзиција , брзо враќање во контра. Овие два меча треба добро да ги анализираме, не бевме комплетни. Имаме ние уште многу што да покажеме. Сепак ова е правецот, ова е правецот по кој треба да се движиме. Ова е првиот чекор за тоа што е пред нас, за тоа ЕП 2026. Мораме да бидеме максимално подготвени за Данска, Португалија и Романија. Мислам дека имаме доволно материјал и добро да анализираме, имаше и добри и лоши моменти, ќе ги поправиме и мислам дека ќе одиме во нагорна линија. Не сум среќен со поразот, но имаше и добри работи и за тоа треба да бидеме среќни. Ќе бидеме поспремни за ЕП и мислам дека оваа Македонија ќе биде многу подобра“ истакна Кузмановски.

ПретходноЛајпциг го доби дербито против Штутгарт
СледноЛазаров: Позитива е тимскиот дух, негатива е нашиот менталитет