Шкендија (А) со реакција: Силно ги осудуваме срамните дела кои се случија во Прилеп!

800

По се она што се случи денеска во Прилеп, за време на натпреварот Победа – Шкендија Арачиново, предмалку со официјално соопштение искиочи и раководството на второлигашот од Арачиново.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

ОФИЦИЈАЛНА РЕАКЦИЈА!!
Сцените видени денес на стадионот во Прилеп не наликуваат на фудбалот и спортскиот дух што треба да го претставува овој спорт. Она што се случи на трибините и околу теренот не се глетки што треба да се прикажуваат на фудбалски натпревар.
Расните навреди, провокациите и лошото однесување не му помагаат на спортот – напротив, го оштетуваат имиџот на фудбалот, клубот и самото натпреварување. Како клуб, силно ги осудуваме овие срамни дела што го нарушуваат достоинството и безбедноста на нашите играчи и навивачи.
Бараме од Федерацијата да преземе соодветни мерки и да им додели заслужени казни на организаторите на овој натпревар, за да не се повторат вакви настани.
Фудбалот е игра што обединува – а не разделува.
се вели во соопштението на Шкендија Арачиново.

ПретходноАтлетико славеше, Гризман постигна 200 гола во Ла Лига
СледноБрегалница не успеа да слави против Детонит