Јакимовски втор стрелец за Тренто во поразот од Виртус Болоња

44
Фото: Тренто

Уште едно одлично издание на Андреј Јакимовски во дресот на Тренто, кое за жал не беше крунисано до добар резултат за неговиот тим. Во натпревар од 5. коло во Лега А, Тренто на домашен терен беше убедливо совладан од екипата на Виртус Болоња со 83:102.

Нашиот репрезентативец за 25 минути поминати на паркетот, успеа да постигна 12 поени, заедно со 6 скока и 2 асистенции. Од поле јакимовски шутираше 3/5, а имаше и една „тројка“.

За Тренто ова беше втор сезонски пораз.

ПретходноКузмановски, Дамјановска, Лазаров и Симовски се годинешните лауерати
СледноРеагираат од Победа: Играчи и членови на Шкендија (А) фрлаа шишиња кон навивачите