Виљареал го „уништи“ Рајо

22

Во првиот дуел од денешната програма во Примера шпанскиот шампионат, тимот на Виљареал на свој терен со високи и убедливи 4:0 го совлада тимот на Рајо Ваљекано.

Со головите на Морено во првиот дел, и на Молеиро, Комесана и Перез во продолжението, домаќинот на екстра начин дојде до посакуваните три бода на овој меч.

Одличната форма на тимот на Виљареал сезонава во вели следново. По единаесет одиграни кола тимот има 23 бода и во моментов е на фантастичното второ место.

Рајо пак иако собра досега 14 бода сепак, денеска ама апсолутно не можеше ништо да стори против разиграниот противник.

 

ПретходноВМФЛ 10. коло: Шкендија со евро гол победнички во Прилеп, Скопје добитен во Каменица (ВИДЕО)
СледноМакедонските кадети поразени од Грција во битката за ЕП