ЛШ Футсал: И трет убедлив на Форца за последно место во групата!

22
ФОТО: Futsal Club FORCA/FB

Три меча и три порази на нашиот футсал првак Форца во групата 8 во главната фаза во Лигата на Шампионите, на турнирот во Љубљана. Денеска кумановци беа поразени од футсал составот на Киев (Украина) со 0:10

По трите порази Форца на крајот заврши како последна во групата со ниту еден освоен бод, секако и со елиминација.

Веќе во 5.минута Украинците водеа со 0:2, нешто слично како и на претходните мечеви. Кумановци по тие два примени гола се трудеа да се вратат резултатски, но по тој трет гол на противникот во 16.минута, играта се распадна. Немаше веќе никакви мотиви кај футсалците на Форца.

Тоа најубаво се виде во продолжението од средбата кога Киев само ја полнеше мрежата на нашиот првак.

На крајот резултатот гласеше 0:10 за Киев.

ПретходноКоментар на 11.коло: Вардар наликува на шампионски тим!
СледноЛајпциг го доби дербито против Штутгарт