Македонската ракометна репрезентација после првото полувреме против Јапонија има минимално водство од 17-16. Ова е втор пријтелски натпревар меѓу двете селекции и истиот се игра во Куманово. Овие мечеви се во рамките на подготовките за претстојното Европско првенство 2026 година.
Мартин Томовски со десет одбрани е најдобриот поединец во составот на нашата репрезентација.
Од седмата минута, нашите ракометари со серија 3-0 (Стојковиќ, Серафимов и Костески) и една одбрана на Томовски, поведоа со два гола разлика (6-4), истата ја одржуваа до пред средината на првото полувреме. Неколку нереализирани напади, противникот ги искористи максимално и за првпат поведе со два гола, 9-11 беше во 20-та минута. Лазаров повика тајм-аут, Серафимов одговори за 10-11. Јапонија не застана, дојде на плус три (10-13) во 23-тата минута.
Македонија влезе во брз ритам, за само три минути со серија од 6-0 го смени текот на мечот. Пешевски, Николов, Аларов, Кузмановски и Петковски донесоа водство од 16-13 во 26-та минута. Две важни одбрани имаше и Томовски. Момците на Лазаров не го задржаа истиот ритам, и дозволија на Јапонија да израмни на 16-16 (во меѓувреме имвме и нерелизиран удар од седум метри). Петковски ја прекина серијата на противникот, а Томовски запиша нови две одбрани за 17-16 на одморот.










