Работнички запиша и трета победа по ред, падна Гостивар

68

Кошаркарите на Работнички ја продолжија победничката серија во домашното првенство, откако вечерва славеа над Гостивар со убедливи 75:50.

Момците на Владимир Мирковски денеска одиграа одличен меч и не му дозволија на противникот да се понадева на изненадување. Работнички до третата победа во низа го предводеа Онил со 20, Томсон со 18 и Ефремовски кој средбата ја заврши со 16 поени. Кај Гостивар најефикасен беше Абрам со 18 поени.

За гостиварци ова беше четвртиот пораз од почетокот на првенството кој ги става во долниот дел од прволигашката табела.

ПретходноШампионот МЗТ Скопје А. му го нанесе првиот пораз на Куманово (ФОТО)
СледноКомо промаши пенал, Елмас и Наполи само до бод